Една страница на Инстаграм објави видео од девојка која на несекојдневен начин решила еден проблем во сообраќајот и со тоа ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.
Наместо да се однесува како повеќето нервозни возачи - да свири, опасно да претекнува и да пцуе, младата дама од Србија едноставно го завртела телефонскиот број на цистерната пред неа и го замолила човекот зад воланот на камионот да ја пушти да помине.
Младата Србинка, откако неколку пати не успеала да го заобиколи возилото, посегнала по логично решение - гледајќи го телефонскиот број на цистерната, се јавила со надеж дека ќе го најде оној кој го бара, сопственикот на цистерната Пеша.
Таа успеала во намерата, а нивниот разговор наиде на бројни позитивни реакции.
- Ало, добар ден, моја почит, дали го добив г-дин Пеша?
- Кажете.
- Дали можеби возите камион во моментов?
- Молам?
- Дали возите камион со млеко?
- Возам.
- Дали е проблем на следното проширување да застанете на страна и да нè пуштите да поминеме бидејќи никако не можам да ве престигнам?
- Па, не е веројатно?
- Ако не е проблем.
- Еве, сега.
- Е, ви благодарам до небо.
- Еве подолу на проширувањето.
- Ви благодарам многу!
Другарката на девојката која била зад воланот и го водела овој симпатичен разговор не можела да се воздржи и прснала од смеа. Меѓутоа, оваа ситуација е едноставен доказ за тврдењето дека убавиот збор железни врати отвора.
„Ова е девојка за женење. Кој ја познава дамата, нека ми се јави“, гласи описот на објавеното видео.