[ФОТО] Што се случува со Мет Лебланк? По смртта на Метју Пери актерот е во ужасна состојба – колегите се загрижени за него

Точка

22/09/2024

18:00

3.569

Големина на фонт

а а а

Актерите од култната серија „Пријатели“ („Friends“) се загрижени за нивниот колега Мет Лебланк (57) бидејќи се наближува годишнината од смртта на неговиот сакан пријател и колега Метју Пери.

Оттогаш Лебланк ретко се појавува во јавноста бидејќи сè уште тагува, а неговото неодамнешно појавување ги загрижи неговите пријатели и колеги, пишува „Дејли мејл“.

На почетокот од месецов, тој беше забележан во Лос Анџелес, а неговиот „запоставен“ изглед ги загрижи неговите колеги, изјави извор за „Ин тач викли“ откако ги видел фотографиите на Лебланк на „Ти-ем-зи“.


„Никој не го осудува Мет за неговиот изглед и никој не го обвинува дека води нездрав начин на живот. Не станува збор за тоа тука. Она што е загрижувачко, за Џенифер Анистон и целата екипа, е тоа што тој е толку осамен и многу ретко комуницира со останатите“, нагласил изворот, додавајќи дека е во контакт со пријателите по трагичната смрт на колегата, но дека тоа не е многу често.

„Тој се повлече од јавноста и го живее својот живот без никаков реален интерес за општеството. Сите го приметија тоа и тоа е многу тажно“, истакна изворот.

Изворот се присети дека актерот бил енергичен и весел пред смртта на Пери, но дека сега е повлечен и дека не е чувствува достоен да биде во друштво на другите колеги.


„Јасно е дека неговата самодоверба падна, само треба да го погледнете и да видите како се запоставил“, рече тој.

Изворот откри дека Лебланк сè уште ја има безрезервната поддршка од неговите пријатели од серијата, кои сакаат да го вратат во нормален живот и да го видат како се смее. Неодамнешната трагедија ги научи сите колку навистина е краток и скапоцен животот.


Загриженоста расте како што се приближува годишнината од смртта на Пери, кој почина на 54-годишна возраст, на 28 октомври минатата година. Лебланк беше првиот член на екипата на „Пријатели“ кој му посвети објава на социјалните мрежи.


„Метју. Со тешко срце се збогувам. Периодот што го поминавме заедно ми е, искрено, меѓу омилените периоди во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнувам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај. Конечно си слободен и, претпоставувам, ќе ги задржиш дваестте долари што ми ги должиш“, напиша тој на 14 ноември 2023 година, заедно со серија фотографии од нивните ситком сцени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг