[ВИДЕО] Популарната актерка изненади со промена на изгледот: „Вчера изгледаше како да има 11, а сега 35 години“

Точка

21/09/2024

11:45

5.126

Големина на фонт

а а а

Младата актерка Мили Боби Браун, која се прослави со улогата на Илевен во серијата „Stranger Things“, откри дека лансирала сопствен бренд наречен „Florence by Mills Fashion“.

20-годишната актерка неодамна објави видео од кампањата за новата линија на облека на нејзиниот бренд на Инстаграм, а многумина ги забележаа промените во нејзиниот изглед.


Многу следбеници претпоставуваат дека таа направила некои естетски корекции на лицето.

„Што ѝ се случи, како остаре така нагло?“, „Уште сега изгледа како да има 40 години“, „Изгледа како да има филери“, „Вчера изгледаше како да има 11, а сега 35 години“, се дел од коментарите под видеото на социјалните мрежи.


Некои, пак, застанале во одбрана на убавата актерка и напишале дека можеби така изгледа бидејќи најверојатно е бремена.

Инаку, актерката моментално ја снима петтата сезона од серијата „Stranger Things“ која треба да излезе во 2025 година.

Во мај оваа година Мили се омажи за Џејк Бонџови, синот на познатиот музичар Џон Бон Џови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг