[ВИДЕО] Селена Гомез им одговори на хејтерите кои ја сожалуваат дека не може да остане трудна: „Тоа не е срамота“

Точка

23/09/2024

10:16

642

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез јасно стави до знаење дека нема да дозволи хејтерите да се потсмеваат на нејзината „ранливост“.

Пејачката и актерка неодамна им се обрати на сите кои ја гледаат како жртва поради нејзините здравствени проблеми: „Од*бете! Тоа е она што е мој живот. Тоа сум јас“.

Додека присуствувала на вечерата „Women in Film“ со нејзината помала сестра Грејси, Гомез имала одговор на сите оние кои ги омаловажуваат нејзините проблеми.

„За*би го секој што ќе ти каже дека си жртва. Навистина верувам дека постои моќ во тоа да бидеш ранлив и да им кажуваш на луѓето дека ти треба помош и дека сакаш помош“, рекла актерката и пејачка во виралното видео кое кружи на интернет.

„Тоа не е срамота. Па, да, реков дека не можам да останам бремена. Да, реков дека имам биполарно растројство. Затоа споделувам, затоа сакам да бидам искрена, бидејќи секој поминува низ нешто“, додала таа.

Гомез советува „никогаш да не дозволите некој да ви каже дека не сте добра личност“.


Потсетуваме, пејачката на 9-ти септември откри за „Vanity Fair“ дека не може да забремени поради здравствени проблеми.

„За жал, имам многу медицински проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на бебето. Тоа беше нешто поради кое тагував некое време“, откри Селена.

Инаку, во 2013 година ѝ беше дијагностициран лупус, а во 2017 се подложи на трансплантација на бубрег. Сепак, таа тогаш не размислувала дека тоа ќе претставува проблем. Како што вели, сега се помирила со тоа и прифатила дека нема да биде онака како што замислила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг