Дејвид Швимер дознал што Метју Пери мислел за него: „Изненаден сум, никогаш не ми го кажал тоа“

Точка

21/09/2024

21:22

3.297

Големина на фонт

а а а

Дејвид Швимер, познат по улогата на Рос Гелер во серијата „Friends“, неодамна гостувал во поткастот „Оrigins with Cush Jumbo“, каде го изненадила приказната на водителката Куш Џамбо за неговиот покоен колега Метју Пери.

Пери, кој 10 сезони глумеше со Швимер во „Friends“, во една прилика пред Куш го пофалил талентот на Швимер, особено кога станува збор за физичката комедија. Имено, Пери соработуваше со неа во серијата „The Good Fight“.

„Пери рече дека тоа воопшто не било случајно и дека ти си бил клучната фигура во секоја сцена“, му рекла таа на Швимер за време на поткастот. „Тој рече дека сите гледале во тебе за да знаат во која физичка насока треба да оди сцената, што јас го сфаќам како огромен комплимент“, додала водителката.

„Тој никогаш не ми го кажал тоа“

Швимер бил изненаден од приказната и рекол дека не очекувал таков коментар од Пери: „Тоа е огромен комплимент и изненаден сум бидејќи Метју беше воздржан кон мене. Никогаш не ми го кажал тоа, но многу го ценам“.


Швимер, исто така, истакнал дека неговата ригорозна театарска обука и посветеноста на прецизното планирање секојпат играле клучна улога во неговата физичка изведба.

„Секогаш внимателно ги структурирав и кореографирав физичките моменти во сцените, не само за да избегнам повреда, туку и за да можам да ги повторам тие движења многу пати. Мислам дека можеби на тоа мислел Пери“, рекол тој подоцна.

Метју Пери почина минатиот октомври на 54-годишна возраст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг