„Валканите гени“ на британската монархија виреат уште од дамнешната историја, но најзапаметени се оние на кралот Чарлс III, кои всушност ѝ пресудија на принцезата Дијана. И колку и да изгледаат идилично браковите на наследниците на круната, поради генетиката, на нивните постапки во љубовните врски секогаш се гледало со сомнеж.
И кога поголемиот дел од светот подетално го запозна Хари откако ја напушти палатата и се откажа од своите должности, па сфати дека тој многу повеќе наликува на својата покојна мајка отколку на неговиот неверен татко, нивните очи беа потполно вперени кон Вилијам и неговите „авантури“.
Неодамнешното видео кое Кејт Мидлтон го објави со цел да ја информира јавноста дека завршила со хемотерапија и е фокусирана на целосно закрепнување од ракот, предизвика сосема спротивен ефект од оној што сакале да го постигнат британските монарси. Присилното претставување на семејната среќа, како што многумина ја опишаа содржината на видеото како да сигнализираше дека нешто големо не е во ред во бракот на принцот и принцезата од Велс, но дека заради позитивна слика во светот тие морале да ја „одглумат“ идилата на брачната заедница.
„Проблемите го „изедоа“ Вилијам, еден од најголемите е врската со оженет маж“
Изнесени се многу теории, многу нагаѓања, многу неосновани претпоставки, а „новиот изглед“ на принцот Вилијам служи како потврда за многу сомнителни набљудувања, со оглед на тоа што тој е толку слаб, па изгледа како да го „изедоа“ проблемите. Еден од најголемите, како што сè повеќе се шпекулира, е неговата врска со Џејсон Кнауф, поранешниот извршен директор на Фондацијата на принцот и принцезата од Велс, како и поранешниот секретар за односи со јавноста на Хари и Меган, кој е во средината на скандалот за нивното заминување во Америка и кој војвотката од Сасекс ја обвини за малтретирање.
Idk but Prince William might want to log into his tiktok account 🤭 pic.twitter.com/HQVdLs2iBp
— Alexis is sowing discord in the West (@ArchewellBaby) September 18, 2024
Принцот од Велс потоа му го доделил престижниот орден на поручник од Кралскиот викторијански ред и токму Вилијам бил тој кој му го врачи медалот на церемонијата во Виндзор.
Според „Graziadaily.co.uk“, Џејсон е оженет, но не се знае кој е неговиот сопруг, со оглед на тоа што поранешната десна рака на кралското семејство својот приватен живот го држи крајно во тајност, а познато е само дека неговиот избраник живее и работи во странство.
Папарацо фотографиите од геј ресторан во Полска само ги „подгреваат“ гласините
Папарацо фотографиите кои беа направени минатиот март за време на неговото кратко патување во Варшава, исто така придонесуваат за гласините за истополовите преференции на Вилијам.
Имено, најблиските соработници на принцот Вилијам одлучиле да резервираат маса во популарен ресторан, кој на интернет е многу добро познат како „простор за хомосексуалци“.
🇬🇧🇵🇱⚡️ Prince William came to Warsaw to support Ukrainian refugees and the first thing he did was go to a newly opened gay restaurant where he invited 12 friends. 🤔#lgbt #britain #poland #ukrainewar #PrinceWilliam pic.twitter.com/R2qSTc5WyL
— hem day (@hem_day) March 28, 2023
Многу мажи воодушевено го снимале принцот, кој делувал прилично опуштено, му приоѓале и се фотографирале со него и сè изгледало како тој да ужива во тоа.