[ВИДЕО] "Cybertruck" се скрши, а погледнете како помина "Ford" на тестот на издржливост

Точка

20/09/2024

19:25

3.896

Големина на фонт

а а а

За разлика од "Cybertruck", чија потпорна рамка се свитка под товарот, Форд овој пат пријатно изненади.

Кога "WhistlinDiesel" ќе го дофати автомобил, едно е сигурно, тој ќе го вози додека не се распадне. За жал, неговите тестови драстично го скратуваат животниот век дури и на робусните возила.

Кога станува збор за "Cybertruck", во неговиот целосно независен тест, тој јасно ги истакна слабите точки на возилото, чиј поголем дел е направен од алуминиум. Класичниот пикап на "Ford", тестот ќе покаже, е далеку од филозофијата на "Build Though", но е многу подобар во однос на јачината.

Очекувано причина е челичната основа поради која на (пре)големи оптоварувања доаѓа до пластична деформација, но не и до пукање на конструкцијата. Челичната рамка се свитка, но не пукна. Алуминиумот носи заштеди во тежина, но челикот е сепак посилен, како што јасно покажува овој тест. Исто така, можната поправка е многу посложена со делови направени од алуминиум.

Во секој случај, овој тест предизвика сомнеж кај авторите за јачината на "Cybertruck", а особено за безбедносниот аспект при влечење на приколка. Имено, авторот истакна дека во некои ситуации постои можност при возење да се скрши рамката на возилото и да дојде до неконтролирано движење на влечената приколка.

Своето сомневање го поткрепи со пример на кој сведочел еден од неговите сопатници, кога приколката се откачила на патот поради зголемено краткотрајно оптоварување, а потоа се забила во "Cybertruck"-от.




Спонзорирани линкови

Маркетинг