"Renault 5" и неговиот „брат близнак“ "Alpine A290" ја освоија престижната награда Автомобил на годината (COTY) за 2025 година.
Жирито од 60 судии од 23 земји им додели на "Renault 5" и "Alpine A290" 353 поени, а дури 25 судии ги ставија на прво место.
Второпласираниот "Kia EV3" доби вкупно 291 бод, додека "Citroen C3/e-C3" заврши на третото место со 215 бодови. Следни се "Dacia Duster" (172), "Hyundai Inster" (168), "Cupra Terramar" (165) и "Alfa Romeo Junior" (136).
Минатогодишниот победник беше "Renault Scenic", што значи дека "Renault" е првиот производител кој постигнал последователни победи по "Fiat" (во 1995 и 1996 година).
Во изборот учествуваат истакнати европски новинари, а секој од 60-те членови на жирито номинира седум нови автомобили кои беа пуштени во продажба пред крајот на претходната календарска година. Седумте автомобили со најмногу гласови ја сочинуваат конечната листа.
За да се квалификува за "COTY", моделот мора да биде целосно нов – фејслифтови како "Tesla Model 3" и "Renault Clio" не се дозволени, а дериватите не се квалификуваат како нови или самостојни автомобили, и затоа "A290" се смета за ист автомобил како "Renault 5" на кој се базира, и покрај тоа што се продава од друга марка.