Денес „Југо“ на улиците е повеќе атракција, отколку секојдневие: Југословенската легенда која ја „освои“ и Америка

Супермен

13/01/2025

22:03

1.173

Големина на фонт

а а а

Кога се зборува за „непоправливи“ автомобили, многумина веднаш ги спомнуваат моделите како едсел, азтек, пејсер, родиус и слични. Но, еден од нив се издвои како најпознат, а тоа е југото, пишува „Бука“.

Во средината на 80-тите години, „Фиат“ се повлече од американскиот пазар, оставајќи празнина што можела да биде пополнета од некоја евтина марка. Покрај тоа, југото користел бројни делови од италијанскиот производител.


Познатиот Џеј Лено често го нарекувал „Мона Лиза меѓу лошите автомобили“, шегувајќи се со него во неговото вечерно шоу.

Приказната за југословенската „зделка на векот“ започнала со локалниот претприемач Малколм Бриклин. Според него, по неуспехот со субару и прекинот на соработката со „Бертоне“, бил во потрага по најевтиниот автомобил на светот.

Овој автомобил го пронашол во Југославија. Бриклин патувал до таму и открил фабрика со 50.000 работници, иако реално требало да има само 2.000, кои биле поделени помеѓу 85 работнички организации, 25 работнички одбори и 127 комунистички синдикати.


Автомобилот, кој имал цена од 3.990 долари (9.500 денешни евра), го привлекол вниманието на медиумите кога бил претставен во 1985 година.

Иако до почетокот на 90-тите години во Америка биле увезени 141.651 примерок на „југото“, во 1992 година автомобилот изгубил од вредност поради жестоките критики од рецензентите, што довело до пад на продажбата.


Поради неусогласеност со стандардите за издувни гасови, 125.000 возила биле повлечени од продажба, а банкротот бил неизбежен.