Дали телефоните привлекуваат громови? Експерт открива колку е ризично да се користат за време на невреме со грмотевици

Точка

18/09/2024

13:00

3.595

Големина на фонт

а а а

Колку е опасно да држите метални предмети во рака?

Веќе знаете дека, меѓу другото, не треба да стоите под дрво, да се држите за метална ограда или да бидете под туш кога грми. Сепак, веројатно барем еднаш сте се нашле надвор за време на бура со грмотевици и сте се запрашале дали вашиот паметен телефон ќе привлече молњи додека барате број од такси или прелистувате на социјалните мрежи.

Иако паметните телефони какви што ги знаеме денес се во масовна употреба повеќе од 15 години, сè уште постојат многу сомнежи кога станува збор за нивната употреба, а „дали е опасно да се користи телефон за време на грмотевици“ е еден од нив.

Крајно време е еднаш засекогаш да го решиме овој сомнеж, и тоа не само за телефоните, туку и за другите преносни уреди кои се напојуваат од батерија.


Дали паметните телефони привлекуваат молња?

Ако сте загрижени дали вашиот паметен телефон може да привлече молња, одговорот е не. Без оглед на тоа што во него има метални компоненти, ризикот да ве удри гром додека зборувате или го користите телефонот не е поголем од тоа да држите клучеви или метални пари во рака. И колку е опасно да држите метални предмети во рака?

„Телефоните, малите метални предмети, накитот и слично, не привлекуваат молњи. Луѓето ги погодува гром затоа што се наоѓаат на погрешно место во погрешно време. Погрешно место е каде било надвор, а погрешно време е невреме со грмотевици во близина“, вели Џон Џесениу, експерт од Националната метеоролошка служба на САД.


Митот дека телефоните привлекуваат молња настана пред многу години, а во меѓувреме успеа да се прошири без никаква основа за тврдењата.

Лекарската фела е свесна за постоењето на различни дезинформации кои кружат на оваа тема, а д-р Мери Ен Купер од Универзитетот во Чикаго се осврна токму на ова прашање во нејзината работа за повредите од гром: „Медицинската литература и медицинската пракса изобилуваат со примери на митови дека произлегуваат од погрешно прочитани, погрешно цитирани или погрешно интерпретирани информации, кои потоа се пропагираат без дополнителна истрага“.

Според д-р Купер, „иако многу извештаи за повреди од гром вклучуваат луѓе кои користат мобилни телефони, овие извештаи се должат на сеприсутноста на овие уреди, како и на невниманието на нивните корисници на временските услови и немаат никаква врска со самите телефони.


Националната метеоролошка служба на САД објаснува - висината, шилестите предмети и изолацијата се доминантните фактори кои контролираат каде ќе удри гром.




Спонзорирани линкови

Маркетинг