[ФОТО] Спектакуларно откритие во Израел: При изградба на станбен комплекс, пронајден најголемиот византиски манастир

Точка

10/01/2025

20:42

1.069

Големина на фонт

а а а

Огромен византиски манастирски комплекс со уникатен мозаик е откриен во близина на градот Кирјат Гат во Израел, објави израелската управа за антиквитети (ИАА) на официјалниот профил на Фејсбук. На подниот мозаик има натпис од Петте книги на Мојсеј, а во комплексот имало и винарија.

Ова е најголемото и најзначајното наоѓалиште откриено во регионот од времето на Стариот Рим и Византија, велат истражувачите. Пронајден е при подготвителни работи за изградба на станбениот комплекс „Карми Гат Север“.

"Blessed are you when you come in and blessed are you when you go out" (Deuteronomy 28:6) >>An impressive Byzantine...

Posted by Israel Antiquities Authority on Wednesday 8 January 2025

Најголемиот византиски манастир во Израел бил изграден во 5 или 6 век и содржи остатоци од најмалку 10 згради, вклучувајќи црква, винарија и големи магацини.


„Ова откритие го истакнува историското богатство на Кирјат Гат и неговата околина. Мозаикот на подот ќе биде преместен на отворен простор и ќе биде достапен за јавноста“, изјавила Светлана Талис, директорка на јужниот регион на израелската управа за антиквитети.

„Мозаикот откриен во Кирјат Гат е еден од најуникатните досега откриени во Израел. Пренесувањето мозаици е сложен процес кој бара големо знаење и прецизност. Наскоро ќе го пренесеме на реставрација во работилницата на Израелската управа за антиквитети, а потоа ќе биде претставена во градот“, изјавил Марк Аврахами, раководител на одделот за конзервација на ИАА.


Јаков Квин, директор на израелската копнена управа, рече дека организацијата инвестира десетици милиони шекели годишно во зачувување на археолошките остатоци што се среќаваат при изградбата на станбените населби.