Apple и Google казнети поради широко користена апликација: Размислете двапати пред да ја инсталирате – еве во што е проблемот

Точка

11/01/2025

17:30

2.112

Големина на фонт

а а а

Иако ниту една од компаниите директно не учествувала во развојот на апликацијата, нивната улога во нејзината достапност на нивните платформи ги направи одговорни според законот.

Apple и Google се соочија со правни проблеми во Бразил поради кршење на приватноста поврзано со контроверзната, но популарна апликација FaceApp. Бразилски судија им наложи на двете технолошки компании да платат казни за дистрибуција на апликација што наводно ги злоупотребувала податоците на корисниците без соодветна согласност.

FaceApp стана интернет сензација пред неколку години поради своите „морничави“ ефекти, кои им овозможуваат на корисниците да видат како би изгледале кога ќе остарат или ќе ја променат бојата на косата. Апликацијата овозможува напредно уредување на фотографии, вклучувајќи промена на тонот на кожата, додавање години и други трансформации.


И покрај забавниот карактер, FaceApp долго време беше предмет на критики за начинот на кој ги собира личните податоци. Апликацијата наводно користела правни дупки за да добие пристап до податоци под лажни претпоставки, што доведе до правна акција. Судијата Даглас де Мело Мартинс истакна дека според бразилскиот закон е забрането масовно и неправилно собирање податоци без согласност.

Дополнителен проблем е што правните термини во условите за користење не биле јасно преведени на португалски, а дури ни англискиот текст не нудел доволна прецизност.

Регулаторите ја сметаат Apple и Google за одговорни, бидејќи им овозможиле на корисниците пристап до апликацијата преку нивните платформи. Двете компании би можеле да се соочат со казни во милионски износи.


Случајот ја отвора пошироката дискусија за одговорноста на технолошките гиганти за апликациите од „сива зона“, кои често се достапни во нивните продавници без доволна контрола.

FaceApp повторно го привлекува вниманието со своите напредни функции, но и со своите контроверзии. Додека многумина ја користат за забава, правните проблеми во Бразил покажуваат колку е важна заштитата на приватноста и транспарентноста во управувањето со податоците на корисниците.