Му плаќаат 500 евра за да им ја уништи свадбата: „Се е закажано до ноември“

Точка

17/09/2024

22:36

4.517

Големина на фонт

а а а

Средовечен Шпанец по име Ернесто тврди дека смислил генијален начин да заработи пари.

Тој објави видео на "TikTok" кое предизвика големо внимание и неверување кај корисниците, во кое детално ја објаснува својата идеја.

Имено, Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како „љубовник на невестата или младоженецот“ и на тој начин да ја откаже венчавката, односно да спречи „несакан брак“.

Тој стана тема број еден во неговиот град и вели дека им зборува на луѓето кои ја очекуваат својата свадба како „најлошиот кошмар“ наместо како најсреќниот ден во нивниот живот.

За основна такса од 500 евра ќе се претстави како „љубовта на животот на невестата или младоженецот“, молејќи ги да ја прекинат свадбата и да побегнат со него.

@yahorasonsoles 👀 Un negocio que rompe matrimonios: se ofrece a destrozar tu boda por 500 euros. La propuesta de Ernesto triunfa entre los recién casados: "Si tienes dudas o no te quieres casar y no sabes cómo negarte, no te preocupes, yo me opondré a tu enlace". .#YAS #boda #rompebodas #casarte #matrimonio #risas ♬ sonido original - Yahorasonsoles

„Ако се сомневате во бракот или партнерот, не сакате да се омажите, а не знаете да кажете не, не грижете се. Ќе ви ја откажам венчавката“, вели Ернесто.

Тој додава дека му треба времето, местото и датумот кога ќе се договара венчавката, а за останатото ќе се погрижи сам, пренесува "Oddity Central".

Ернесто целата приказна ја започнал на шега, но наводно бил преплавен со барања од заинтересирани. Тој тврди дека наплаќа по 500 евра, во кои не се вклучени патните трошоци и доплатите за „неочекувани инциденти“.

На пример, ако некој му удри шлаканица или бокс, ќе бара повеќе пари. Секоја шлаканица чини 50 евра..

„Се обидувам да се скријам, но свесен сум дека кога ме удираат, добивам повеќе плата. Значи, ако можам да одам побавно, одам побавно. Така заработувам“, објасни тој.

Човекот тврди дека бизнисот му цвета и дека е „распродаден до 2. ноември“.