Пејачката Кејти Пери (39) продолжува да ја скандализира јавноста со своите изјави и однесување, а тоа ѝ успеа и со настапот на доделувањето на „MTV Video Music Awards“.
Оваа хитмејкерка беше наградена со почесната награда „Video Vanguard“, па на сцената ги изведе некои од нејзините најголеми хитови, а дебитираше и со својот нов сингл, дует со раперката Дочи кој ќе биде објавен во петок. Сепак, нејзиниот настап по повод оваа песна предизвика гнев кај многу гледачи.
Обожавателите објавија голем број негативни коментари на видеото од настапот објавено на Инстаграм профилот на MTV, во кое Кејти и раперката симулираат сексуален чин меѓу две жени.
Двете биле „облеани“ во мешавина од розова, виолетова и сина светлина – која обично се нарекува „бисексуално осветлување“ - додека Кејти пеела „Јас сум неговата кралица, јас сум неговиот изрод/Јас сум секогаш жената што ја сака и му треба“.
Кејти и Дочи биле тотално опуштени и во екстаза за време на симулирањето на лезбиски сексуален чин, па се тапкале по меѓуножјето додека и двете го пееле стихот „тој е мој“. Потоа, раперката ја зафрлила главата наназад и симулирала бакнеж со Пери.
Тогаш фокусот на камерата се префрлил на вереникот на Кејти, Орландо Блум, во публиката за да ја фати неговата срамежлива насмевка за време на бакнежот на двете пејачки.
Оваа изведба предизвика лавина негативни коментари кај гледачите: „Мразам во што се претвори овој свет“, „Очајно. Нејзината кариера е завршена“, „Ова е искрено толку разочарувачки“, „Што гледам?“...