Според истражување ова е најлошата песна за слушање додека имате секс

Точка

12/09/2024

13:21

2.715

Големина на фонт

а а а

Неодамна беше спроведена студија која откри кои уметници и песни луѓето најмногу ги слушаат за време на секс, а поврзано со тоа беше спроведено и истражување за тоа кои песни се најлоши, а кои се најдобри за слушање додека имате секс.

Повеќето луѓе избираат погрешни песни за слушање за време на сексот, пишува „Њујорк пост“. Експертите ги анализираа актуелните поп плејлисти на Спотифај со клучни зборови како „романтика, секси, сензуално, интимно“ за да утврдат кои песни го исполнуваат посакуваното темпо за секс, за кое науката утврди дека е 119 БПМ (отчукувања во минута).


Најлошите песни

На овие листи најчесто се појавува песната „Birthday Sex“ на пејачот Џереми. Се наоѓа на 121 плејлиста, но истражувачите велат дека тоа е најлошата песна што можете да ја изберете да ја свирите додека имате секс. Има само 60 БПМ, што е половина од посакуваното темпо.

Песни кои исто така се меѓу најлошите избори се „I Wanna Be Yours“ на „Артик манкис“, „Get You“ на Даниел Сизар, „High For This“ на Д Викенд, „Needed Me“ и „Sex With Me“ на Ријана.

Најдобрата песна

Истражувачите, исто така, ги анализираа врвните 100 песни на „Билборт хот“ на кои треба да имате секс – и песната на Пост Мелоун излезе на врвот. Песната „Pour Me A Drink“ има темпо од 119 BPM, што ја прави идеална песна за слушање за време на секс.

Минатите истражувања сугерираа дека најдобрите песни за слушање за време на секс, доколку сакате да траат што подолго, се оние од жанрот на хип-хоп. Фановите на хип-хопот во кревет во просек издржуваат 31,5 минути.

Исто така, претходното истражување спроведено откри дека Д Викенд е најчестиот изведувач кој се појавува како музика во позадина за време на сексот. Иако тој отпеа три од петте најдобри секс песни („The Hills“, „Often“ и „Call Out My Name“), првото место и припадна на Ники Минаж и нејзиниот хит од 2022 година „Super Freaky Girl“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг