[ВИДЕО] Заборавете на море – „капењето“ во песок е нов тренд

Точка

11/09/2024

15:32

24.890

Големина на фонт

а а а

Заборавете на океанот, морето, водата - во градот Ибусуки, Јапонија, сè е во врска со песокот и песокот е на прво место.

Во земјата на изгрејсонцето, самураите и покемоните, сè е поинаку, па таков е случајот и со капењето.

Плажите во градот Ибусуки се наоѓаат во област позната по вулканска активност, па со право се нарекуваат центар и жариште на геотермалната активност. Јапонците повеќе од 300 години се на овие плажи во потрага по лековитите својства на песокот, кој прави чуда со својата топлина од 55 степени Целзиусови и составот од вулкански карпи.

Овој песок денес освен за лекување, се користи и во третмани за убавина, хидратација на кожата, каде вулканските испарувања од песокот ја враќаат свежината и младоста на организмот. Долж плажите се сместени бројни спа центри и хотели кои го засновале својот бизнис на користење на овие природни својства на песокот, па затоа не е чудно што гордо и љубоморно ги штитат и одржуваат овие ресурси. Секој од хотелите или спа центрите поседува дел од плажата за кој се грижи, а престојот е дозволен како за гостите на хотелот, така и за сите останати посетители.


Како се користат сите потенцијали кои ги нуди овој песок? Многу едноставно, одите на плажа, мора да носите традиционално кимоно (костимите за капење не се дозволени), чадор за да се заштитите од сонцето и пешкир. Останатото е индивидуално, одбирате место, и едноставно се опуштате и легнувате, а за останатото ќе се погрижи персоналот. Тие ќе ви го фиксираат пешкирот околу главата за да спречат темниот вулкански песок да заврши на вашето лице и буквално ќе ве закопаат со лопата.

Третманот трае до 20 минути, по што гостите ги чека туширање, па ултимативно искуство - капење во врели вулкански извори, по што се препорачува одмор.