Бракот на Чарлс и принцезата Дијана е отворена книга. Иако целата приказна никогаш не била раскажана транспарентно, во јавноста излегоа многу детали, некои од самите актери, некои од нивните блиски пријатели и соработници.
Иако има многу спротивставени информации, едно е сигурно – Чарлс никогаш не ја сакал својата сопруга и бракот бил крајно несреќен и полн со конфликти.
И принцезата Дијана и кралот Чарлс, тогаш принц, биле толку несреќни што нивното обезбедување често стравувало дека ќе дојде до физичка пресметка меѓу сопружниците и дека некој ќе биде повреден. Расправиите беа толку жестоки што често се чинело дека „насилството е неизбежно“, призна еден од телохранителите во книгата „The King: The Life of Charles III“ од 2022 година.
Полицајците задолжени за заштита на членовите на кралското семејство биле длабоко загрижени дека во напад на бес некој од нив двајцата би можел да го искористи силното оружје во куќата за да изврши самоубиство, убиство или и двете“, пишува Кристофер Андерсен, авторот на гореспоменатата книга.
Книгата го допрела и сексуалниот живот на Дијана и Чарлс, кој всушност не ни постоел во поголемиот дел од нивниот брак. Опишана е една специфична ситуација во која принцезата „буквално го бркала својот сопруг низ ходниците, по скалите и од соба во соба“ селската куќа за одмор која Чарлс ја поседувал – „Highgrove House“.
„Зошто не сакаш да спиеш со мене“, го прашала Лејди Ди својот сопруг кој по раѓањето на принцот Хари во 1984 година „едноставно ја прекинал нивната сексуална врска“, се вели во книгата. Саркастичниот одговор на Чарлс беше: „Не знам драга. Мислам дека сум геј“.
Од повеќе извори е потврдено дека Чарлс и Дијана престанале да имаат секс кога се родил Хари, но самата принцеза истакнала дека сепак во потполност престанале да имаат секс кога нивниот помал син имал осум години. Таа отворено зборувала за нивниот сексуален живот во снимките направени од Питер Сетелен, нејзиниот професор по дикција, помеѓу 1992 и 1993 година. Снимката била претворена во документарен филм „Diana: In Her Own Words“.
Интимните односи со својот сопруг ги опишала како „многу чудни“.
„Па имаше секс. Да, имаше. Да. Но, го имаше и тоа сè до пред 7 или 6 години. Пред 7, бидејќи Хари тогаш имаше 8“, раскажала Дијана.
Принцезата признала дека во периодот додека практикувале односи, Чарлс истите ги сакал само еднаш во неколку недели.
„Инстинктот ми го говореше тоа, нашиот однос е многу чуден. Тоа се случуваше еднаш на секои три недели и постојано размислував за тоа. И тогаш сфатив од каде потекнува тој образец, пред да се венчаме, тој се гледаше со својата љубовница еднаш во три недели“, заклучила таа.
Да потсетиме, парот се разделил во 1992 година, а официјално се развеле во 1996 година. Само една година подоцна, принцезата Дијана трагично загина во сообраќајна несреќа.