[ФОТО] Градските власти во Рим размислуваат да го ограничат пристапот до фонтаната ди Треви

Точка

06/09/2024

15:18

4.169

Големина на фонт

а а а

Римските градски власти во исчекување на зголемувањето на бројот на туристите наредната година, размислуваат да го ограничи пристапот до фонтаната ди Треви, едниот од најпосетуваните споменици во градот.

Италијанската престолнина се подготвува да биде домаќин на „Светата година“ или црковен јубилеј (едногодишен римокатолички настан) којшто се очекува дека во 2025 година, ќе предизвика посета од 32 милиони туристи.


Според нацрт – предлогот, за посета на фонтаната ќе биде потребно да се резервира еден од однапред определените термини, а само на ограничен број луѓе ќе им биде дозволен пристап до скалите околу споменикот.


„Размислуваме ова да го направиме бесплатно за Римјаните, а од оние коишто не се жители на градот, ќе биде побаран симболичен придонес од еден или два евра“, изјави римскиот советник за туризам, Алесандро Онорато.

Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, ги нарече мерките за ограничување на бројот на туристи – „многу веројатна можност“. „Сè потешко е да се управува со ситуацијата околу фонтаната ди Треви, додаде Гуалтиери.


Од друга страна пак, неколку европски градови се соочуваат со протести предизвикани од т.н. прекумерен туризам, вклучувајќи ги Барселона и Венеција, каде што локалните власти оваа година ја тестираа програмата за наплата на влезот во градот на посетителите.

Фонтаната ди Треви, во којашто традиционално посетителите фрлаат монети со цел исполнување на нивните желби и повторно враќање во Рим, долго време беше главна атракција во градот дури и за светските лидери којшто го посетуваат овој град.



Спонзорирани линкови

Маркетинг