[ФОТО] Ова се најдобро облечените дами на доделувањето на Еми наградите: Трите актерки заблескаа во беспрекорно елегантни креации

Точка

16/09/2024

13:34

3.289

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на Еми наградите 2024 година донесе многу гламурозни моменти. Ѕвездите беа подготвени да ја дочекаат својата награда за напорната работа за седмата уметност во областа на ТВ сериите.

Прекрасните комбинации како и секогаш беа присутни, но една ѕвезда заблеска посилно од сите - Џенифер Анистон. Во совршена креација на Оскар де ла Рента, Анистон понела елегантен изглед кој е спој на класичен гламур и модерен дизајн. Нејзиниот фустан е совршен пример зошто таа со години е на врвот на листата на најдобро облечени жени.


Фустанот бил богато украсен, со внимателно изработени детали од вез во сребрена боја кои ја истакнале нејзината силуета, а дополнителен сјај внеле минималистичките аксесоари и нејзиниот потпис - познатата и софистицирана фризура.

Покрај неа, Софија Вергара како и секогаш привлече внимание во драматична креација на Долче и Габана која ја истакнала нејзината женствена фигура и деколте. Спојот на впечатлива црвена боја, корсетиран струк и смел крој кој го истакнувал нејзиното деколте, совршено го одразил нејзиниот личен стил кој со години е препознатлив на црвениот тепих. Вергара избрала едноставен накит, но нејзината харизма направила секој детаљ да се истакне.


Исто така, Рис Витерспун донесе софистицираност и елеганција во прекрасна црна креација со цветен вез од Кристијан Диор. Нејзиниот фустан ја нагласил едноставноста на кројот, додека цветните детали биле вистинско ремек-дело на модата. Витерспун покажа како минимализмот може да изгледа уште поубаво, ако се додадат неколку детали, како што тоа го направи овој вез.


Овие три дами покажаа различни пристапи кон гламурот, но заедничка им била беспрекорната елеганција која долго ќе се памети од овогодишната церемонија.

Во продолжение погледнете кои други ѕвезди воодушевија на црвениот тепих и го заслужија својот статус за најдобро облечени:




Спонзорирани линкови

Маркетинг