Јаткастите плодови се здрави, но не доколку ги јадеме во овој облик

Точка

10/09/2024

11:18

7.871

Големина на фонт

а а а

Јаткастите плодови се сметаат за здрава храна, но не доколку се пржени. Јадењето на пржени јаткасти плодови нема да донесе никаква корист, туку токму спротивното, ќе му наштети на човековото здравје.

Според нутриционистот Марија Мукини, во текот на пржењето јаткастите плодови губат дел од своите корисни својства, а освен тоа во текот на пржењето се насобираат со штетни материи. Тоа се случува поради фактот дека во текот на пржењето се уништуваат многу витамини и здрави масла, а наместо тоа се појавуваат канцерогени материи.


Сувите јаткасти плодови во својот изворен облик се најздрави. Пред консумацијата на јаткастите плодови пожелно е тие да стојат во вода од еден до два часа за да се олесни нивната дигестија во организмот. Имено, тие се прекриени со фитинска киселина којашто се врзува за минералите во гастроинтестиналниот тракт и не можат да се апсорбираат во цревата, што кај некои луѓе може да предизвика проблеми со дигестијата. Исто така, потопувањето на јаткастите плодови во вода, придонесува кон внесување повеќе протеини, масни киселини, витамин Б, калиум и магнезиум.


Јаткастите плодови исто така содржат влакна потребни за нормализација на работата на цревата, регулирањето на нивото на шеќер во крвта како и намалувањето на количеството на „лошиот“ холестерол.

Лицата коишто се алергични на јаткастите плодови им се советува да бидат внимателни, а исто така и на оние коишто имаат гастроинтестинални заболувања и панкреатитис им се препорачува да ги одбегнуваат јаткастите плодови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг