[ВИДЕО] Ова е најскапиот подарок кој Тито некогаш го добил: Ќе се шокирате кога ќе видите за што станува збор, а еве каде се наоѓа денес

Точка

04/09/2024

19:52

6.401

Големина на фонт

а а а

Јосип Броз Тито, долгогодишниот лидер на Југославија, бил познат по својата богата колекција на подароци од целиот свет. Овие подароци, добиени при многубројните официјални посети и дипломатски средби, сведочат за неговото влијание и почитта кои ги уживал на светската сцена.

Денес, повеќето од овие вредни предмети од колекцијата на Јосип Броз Тито се чуваат во Музејот на Југославија во Белград, каде посетителите можат да ѕирнат во фасцинантната колекција која вклучува сè, од егзотични уметнички дела до скапоцени рачно изработени предмети.


Сепак, еден подарок особено се издвојува по својата уникатност и скапоценост. Четирите камчиња кои Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донеле од Месечината завршиле кај Тито, а денес се чуваат во гореспоменатиот музеј.

Историчарката Невена Ковачевиќ го споделила овој интересен факт на нејзината страница на Инстаграм – „Putevima srpskе istorije“.

„Четирите камчиња кои Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донесоа од Месечината, а кои Ричард Никсон му ги испратил на Јосип Броз Тито во 1970 година, според процената на НАСА вредат неверојатни 500.000 долари. Камчињата кои беа испратени до народот на Југославија се во Музејот на Југославија“, навела Невена Ковачевиќ, а потоа додала:


„Пред да пристигнат камчињата во Југославија, земјата ја посетиле астронаути кои биле на Месечината, што било голема чест. Тројцата астронаути со лента од Тито го добија Орденот на југословенската ѕвезда, а потоа со отворен автомобил се прошетаа низ центарот на Белград. По тој повод во Белград се одржала голема прослава и многу луѓе излегувале на улиците да го видат ова случување. Никсон наредната година испратил камењата во Југославија. Освен камењата од огромна вредност, астронаутите го донеле и знамето на ФНРЈ кое патувало со нив до Месечината и назад. Фактот што Никсон му подарил камчиња од Месечината на југословенскиот народ, а тројца астронаути ја посетиле Југославија, единствената комунистичка земја на нивната рута – говори за единствената позиција која Југославија ја имала за време на Студената војна“, заклучила Невена Ковачевиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг