[ВИДЕО] Кристијано Роналдо: „MrBeast“ е оној што морам да го престигнам

Точка

03/09/2024

12:37

1.519

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо е на „YouTube“ од 21-ви август 2024-та година и неговиот профил многу брзо собра десетина милиони претплатници. Фудбалерот сега има нова цел.

Фудбалерот на Ал Наср толку брзо придоби претплатници што успеа да го собори рекордот што го држеше „MrBeast“ – повеќе од 20 милиони претплатници во период од 24 часа.

Во текот на едно неодамнешно интервју, Роналдо откри на што се надева кога станува збор за неговиот „YouTube“ канал – а тоа вклучува престигнување на „MrBeast“ по бројот на претплатници.

- „Mr Beast“ е оној кој морам да го престигнам – истакнал Роналдо.

Сепак, престигнувањето на „MrBeast“ нема да биде лесен потфат, бидејќи популарниот јутјубер во јули стана првиот кој забележа 300 милиони претплатници. После тоа придоби преку 13 милиони нови фанови.

Достапен е бројач, кој во живо го прикажува бројот на претплатници кои во секое време го имаат Роналдо и „Mr. Beast“, а многумина оваа споредба ја пренесуваат преку видео-платформата.

Иако има што многу да го престигне „MrBeast“, Роналдо брзо престигна еден од своите најголеми фанови – „YouTube“ ѕвездата „iShowSpeed“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг