Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген ги налути навивачите со изјавата што ја даде по поразот од Каталонците на стартот од Лигата на шампионите.
Веќе подолго време Тер Штеген ги напаѓа нервите на навивачите на славниот клуб, а по новиот испад многумина би сакале да му го видат грбот.
Монако приреди сензација на домашен терен на стартот од Лигата на шампионите, откако ја совлада фаворизираната Барселона со резултат 2:1.
Трагедија на натпреварот беше голманот на Барса, Тер Штеген, кој со еден неодговорен потег го зацрни тимот.
Барса од 11. минута играше со играч помалку, а главен виновник за тоа е голманот на Каталонците.
Непотребното, ризично додавање до Ерик Гарсија доведе до црвен картон и на крајот болен пораз против Монако. Тер Штеген имаше двајца отворени соиграчи, но реши да му ја додаде топката на Гарсија. Монако го прекина додавањето, влегувајќи во гол шанса, па Гарсија беше принуден да направи прекршок за да спречи топката да заврши во мрежата. Доби црвен картон, па Барса до крајот на натпреварот играше со играч помалку.
Тоа не е единствената грешка што Тер Штеген ја направи на овој меч. Беше многу неизвесен на голот, има неколку грешки, а на крајот индиректно го обвини Гарсија за неуспехот.
„Не се согласувавме многу добро. Се чувствувам лошо за него. Се случи нешто што не требаше да се случи, но тоа е фудбалот“, изјави Тер Штеген.
Новинарите блиски до Барселона и навивачите не можат да поверуваат што зборува човекот.
„Фактот што ги обвинува своите соиграчи е многу полош од она што го направи на теренот“, изјави известувачот Алфредо Мартинез.
Сличен коментар даде и неговиот колега Хави Мигел.
„Непотребно додавање.