Томас Милер сезонава сруши уште неколку рекорди со своите настапи и голови во дресот на Баерн Минхен, а традиционално е задолжен и за атмосферата во соблекувалната на германскиот клуб.
Томас Милер сезонава сруши уште неколку рекорди со своите настапи и голови во дресот на Баерн Минхен, а традиционално е задолжен и за атмосферата во соблекувалната на германскиот клуб.
Бундеслигашот денеска сподели видео од кое се гледа дека Милер уште еднаш слатко ги изнасмеа своите соиграчи и стручниот штаб, но овојпат мораше да го прифати сеирот на своја сметка.
За време на рутинско движење на тренинг, Милер самиот се сопна на прикачената лента на теренот и падна како покосен, а за да биде полошо тоа му се случи додека речиси сите соиграчи го пратеа што прави со топката.
Останатите ѕвезди на Баерн паѓаа од смеење, а Милер свесен дека е уловен од камерата, го одобри видеото за користење на социјалните мрежи.
Böses Foul… 😂 @esmuellert_ #MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/cVdMMgftdK
— FC Bayern München (@FCBayern) September 20, 2024