Тениската убавица Камила Џорџи го прекина молчењето околу исчезнувањето од матичната земја: Обвинета е за кражба

Точка

20/09/2024

15:16

1.195

Големина на фонт

а а а

Некогашната тениска ѕвезда, Камила Џорџи, оваа пролет се најде во центарот на вниманието на медиумите, откако ја заврши својата тениска кариера, а подоцна исчезна од Италија – нејзината татковина.

Џорџи по завршувањето на кариерата стана манекенка за долна облека, а во меѓувреме во јавноста се појави информација дека се наоѓа во Америка, откако избегала од Италија во обид да ги одбегне даночните власти.


Имено, Џорџи е обвинета од страна на сопственикот на вилата каде што престојувала, дека не ја платила киријата како и дека однела „половина од мебелот“ од изнајмената вила во Калезану во близина на Фиренца.

Џорџи сега реши да го прекине своето молчење во врска со случајот, и се огласи преку својот адвокат, Едмонд Томасели, којшто тврди дека Камила никаде не избегала, пренесува „Bild“.

„Накратко таа воопшто не избега како што тврдеа некои. Сето тоа е само приказна, нема желба да не ја пронајдат. Во прашање се само приватни обврски“, порача Џорџи преку својот адвокат, којшто вели дека таа сега се наоѓа во Рим.


Во текот на летото, Џорџи објавуваше фотографии од Далас, а претходно имаше направено долга пауза на социјалните мрежи, каде што не се појавуваше речиси една година.

Нејзиното наводно исчезнување од Италија, ги натера многумина да помислат дека избегала од властите поради проблемите со данокот, додека други тврдеа дека бегала од сопственикот на вилата.


Во врска со кражбата којашто Џорџи ја направила во изнајмената вила, зборуваа и соседите коишто сведочеле за доаѓањето на неколку комбиња со коишто поранешната тенисерка ги однела килимите и масите од изнајмената вила.

Во својата тениска кариера, Џорџи успеа да стигне до 26 место на „WTA“ листата, а нејзината кариера ја одбележа и скандалот со лажните потврди за вакцинација против ковид – 19 со коишто учествуваше на „US Open“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг