Екипата на Монако издвојува победа над Барселона од 2-1 во еден од четирите натпревари од 21 часот со кои се затвори првото коло во Лигата на шампионите.
Каталонците уште во раната фаза останаа со играч помалку по исклучувањето на Гарсија (11 минута), ситуација која знаеја да ја искористат домашниот фудбалери кои постигнаа по еден гол во двете полувремиња за славје, три бода.
Стрелец на единствениот погодок за Барса беше Јамал за кого ова воедно беше прв во елитното натпреварување. Инаку ова за шпанскиот великан беше прв пораз на официјален меч под водство на Ханси Флик.
Аталанта и Арсенал одиграа без победник и голови во дуелот кој ќе биде запаметен по двојната одбрана на Раја во 51 минута кога прво му одбрани пенал на Ретеги, а потоа и неговиот удар со глава.
Брест го доби Штурм со 2-1, додека пак Атлетико Мадрид беше подобар од РБ Лајпциг со 2-1 благодарение на голот на дефанзиевцот Хименез во 90 минута.
Нашиот Елиф Елмас конечно доби шанса од тренерот Розе и беше активен од 83 минута.
Во листата на стрелци на „Ванда Метрополитано“ се запишаа уште Гризман и Шешко.