[ФОТО] Зошто некои автомобили имаат линии на задниот прозорец, причината ќе ве изненади

Точка

02/09/2024

20:08

6.596

Големина на фонт

а а а

Постојат многу карактеристики на автомобилите коишто имаат јасна цел, меѓутоа постојат и такви коишто го збунуваат речиси секој возач.

Какви се тие линии на задниот прозорец?


Доколку постои нешто на автомобилскиот прозорец коешто го блокира погледот на возачот во текот на возењето, истото веројатно ќе се протолкува како грешка во дизајнот на автомобилот, меѓутоа кога е во прашање ладното време, токму линиите на задниот прозорец овозможуваат поголема видливост во текот на возењето. Тоа е така бидејќи тие се дел од секундарниот односно задниот одмрзнувач на автомобилот, тие линии се всушност тенки жици направени од метал и смола, појаснува „IfL Science“, а тие жици на стаклото се ставени со помош на лепило или пак се вметнати помеѓу слоевите на стаклото.


Кога електричната енергија ќе протече низ овие жици, тие даваат отпор којшто доведува до создавање на топлина. Таа топлина овозможува задниот прозорец брзо да се справи со маглата, а исто така помагаат и со отстранувањето на ледот.

Зошто тие понекогаш не работат?

Доколку забележите дека задното стакло не се одмаглува, иако сте го притиснале копчето за одмаглување, постојат неколку работи коишто треба да се направат. Најпрво треба да се провери дали прегорел осигурувачот, бидејќи одмрзнувачите можат да трошат големи количества на електрична енергија. Доколку е тоа случајот, нема да ви биде потребна помош од автомеханичар, бидејќи замената на осигурувачот е прилично едноставна работа.


Вториот потенцијален проблем е расипување на самите линии, а до тоа може да дојде доколку линиите биле залепени на самата површина на стаклото, и таквите линии се почувствителни на оштетувања. Нивното оштетување го прекинува струјниот круг поради што тие не успеваат да произведат топлина, а таквите оштетувања можат да се поправат со специјализирани алатки или со помош на автомеханичар.

Последниот потенцијален проблем може да биде расипување на електриката на копчето за одмрзнување, и ова е најсериозно расипување коешто бара посета на автомеханичар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг