[ВИДЕО] Миа Костова повторно брутално „распали“ по модните трендови: „Немојте со тие лисици, опашки, клипсови – изгледа ужасно лошо“

Точка

27/08/2024

22:59

7.235

Големина на фонт

а а а

Миа Костова, пред неколку години водителската кариера ја замени со инфлуенсерството и, мора да признаеме – одлично ѝ оди.

Таа секојдневно со нејзините следбенции споделува моменти од приватниот живот, промовира одредени производи, но релативно често знае и да е брутална со своите ставови за одредени општествени или животни теми.

Овојпат, таа на својот „ТикТок“ објави видео кое го наслови „Јас да си кажам“ и со тоа започна дебата на социјалните мрежи. Имено, во ова видео таа набројува 5 работи кои ниту една жена не смее да си ги дозволи во 2024 година – иако истовремено беше доблесна и призна како и самата била под влијание на тие трендови на кои е срамно и да помислиме денес, а не пак да ги практикуваме.

За само 24 часа ова видео има преку 200.000 прегледи и многу споделувања од луѓе кои потполно се сложуваат со неа, но и од оние кои велат дека Миа претерала и не може да си дава за право да коментира како експерт на секоја тема.

Костова во коментари потенцираше дека ова видео го направила само затоа што многумина ја прашуваат кои трендови за убавина се „аут“ и тотално непотребни.

„Многу сакам да направам видео за некои работи што не треба да ги правите веќе.

Можеби некад биле модерни, сум ги правела и јас, но ова се 5 работи што не треба да си ги дозволите во 2024 и во иднина“, го започна Миа ова видео.


Под број 1, недозволиво е да се печете во солариум, да сте многу црни и да изгледате како да сте извадени од рерна.

Освен што не е здраво, не е ни модерно.

Стварно може да си направите голем проблем со кожата, не дај Боже и нешто што е најстрашно, а и стварно немате потреба, зашто, крајно е сељачки да си многу црн.

Број 2 – не смееш да имаш канџи, не смееш да имаш нокти коишто се предолги, шпицести и на нив има цвеќиња, јагоди, море, плажа, пешкир – никако торта од нокти.

Убаво е дланката да е чиста, а ноктите да се во една боја, со нормална должина.

За формата не расправам, на секој прст стои различна форма, така што, немој да имаш сељачки нокти.

Број 3 е за надградба на коса. Сум ја носела, ама сега кога ќе видам надградба на коса многу страшно ми изгледа.

Ај што некој има надградба, ај што е постара малку па не е добро одржувана, па уште е коса во некоја должина што не постои.

Не може да имаш плава коса и да е до газ. Ако веќе сакаш да имаш плава коса мора да е многу здрава и да изгледа добро.

Не мора да е тазе фарбана, јас лично многу сакам црн корен, ама па не можам да го носам долго.


Муабетот ми е – никако надградба на коса. Немојте со тие лисици, опашки, клипсови – изгледа ужасно лошо. Изгледаат ужасно лошо и репови од по метар и 40.

Следно – немојте да носите веќе вештачки трепки, ве молам. Трепките какви се, такви се – твои се.

Немојте вештачки трепки, многу делува прљаво, неизбањато, грдо на око.

Не се за преку ден ич. Ајде навечер некако можда за некој настан, ама нека бидат тоа еднократни трепки – лепиш, вадиш, легнуваш, сабајле си тип-топ.

Немаш на нив собрано 3 кила пудра во тоа, особено за девојки што се шминкаат многу често.

Многу ми е мило што излезе од мода надградбата на трепки, иако мора да признаам дека сум ги носела многу често.

И последно – многу се радувам што излегува од мода голема муцка или 5-6 ml хијалурон.


Немојте тоа да си го правите на себе, немојте да носите г*з од мајмун на вашето лице, 100% тврдам дека сте 100 пати поубави со вашата природна уста.

А ако веќе сакате малку да се освежите, нека биде тоа суптилно и нека делува природно. Ете што ќе ви каже тетка Миа“ – завршува таа.

Пишете ни во коментари кои се вашите размислувања на оваа тема и дали се согласувате со Миа. Или можеби пак, природната убавина веќе е само мит.