[ФОТО/ВИДЕО] „Мажена сум за шеик, а вака изгледа мојот живот со него“

Точка

25/08/2024

17:53

6.228

Големина на фонт

а а а

Сопругата на арапскиот бизнисмен и милионер Џамал Бин Надак, инфлуенсерката Соуди, на инстаграм објави видео насловено: „Проблемите кога си во брак со богат муслиман“.

„Никогаш не ми дозволува да ја платам сметката во ресторан или да платам за мојата облека. Никогаш не смеам да го користам својот џепарлак. Патуваме секој месец, колку е само напорно да имаш телохранител 24/7, сопругот постојано ми го испраќа неговиот возач да не треба да шетам или патувам сама“ напиша инфлуенсерката во својата објава, и ги шокираше нејзините следбеници.


Оваа инфлуенсерка е инаку позната по своите објави на социјалните мрежи во коишто го презентира животот на жената на еден милионер, а пред извесно време таа го прослави својот роденден при што објави фотографија на којашто позираше со торта во облик на срце, а во објавата напиша: „Колку пари потроши мојот маж милионер за мојот роденден“.


„15.000 долари за шопинг во Миу Миу, 1.3000 долари за луксузна вечера, 35.000 долари за шопинг во Ермс, 20.000 долари за филери и 1000 долари за спа услуги“, напиша Соуди во истата објава.

Тоа не беше крајот на „фалбите“ на оваа инфлуенсерка, па така таа вчера објави видео на „ТикТок“ насловена: Колку пари оваа недела потроши мојот маж – милионер за мене“.


„Посвојте ме“, „Од мојот маж оваа недела добив само кекс“, „Би сакала мојот маж да е како твојот“, беа само дел од коментарите под објавите на Соуди.

А, според пресметките на Соуди, износот којшто нејзиниот сопруг за една недела го потрошил за неа изнесувал 45.500 евра.

Потсетуваме овој милионерски пар е во љубовна врска осум години, додека четири години се во брак. По венчавката Соуди се преселила кај сопругот во Дубаи и оттогаш на социјалните мрежи редовно објавува детали од нејзиниот луксузен живот.