Англиската пицерија му објави „војна“ на ананасот: Хаваи пицата ја наплаќа 118 евра

Точка

24/01/2025

19:01

1.528

Големина на фонт

а а а

Популарна пицерија во англискиот град Норвич му објави војна на ананасот со тоа што одлучи хаваи пицата да ја наплаќа 100 фунти (118 евра), во обид да ги обесхрабри клиентите од контроверзниот додаток кој предизвикува поделеност меѓу љубителите на пицата.

Пицерија Лупа неодамна на апликацијата за достава на храна ја додаде хаваи пицата со опис: „Можете да ја добиете за 100 фунти. О, да, нарачајте и шампањ! Само напред, изроди!“


„Силно се спротивставуваме на ананасот на пица“, рече косопственикот на пицеријата, Френсис Волф.

Друг косопственик, главниот готвач, Квин Џианоран, рече дека во ресторанот чуваат конзервиран ананас во случај некој да го нарача, но тоа допрва треба да се види.


Како што пицата стана глобално популарна, различни култури ја „збогатија“ со свои додатоци, често на разочарување на Италијанците.

Британската компанија за истражување на јавното мислење „YouGov“ во извештајот од јануари 2024 година рече дека повеќе од 50 отсто од Британците сакаат или се согласуваат со додавање ананас на пиците, а 16 отсто не го сакаат, додека речиси 20 отсто од Британците изјавија дека не го поднесуваат.

Некои познати британски личности се приклучија на дебатата, а поранешниот политичар Ед Болс изјави дека ананасот на пица е „ужасна“ идеја.


Во меѓувреме љубителите на хаваи пицата се огласија на социјалните мрежи на пицеријата во одбрана на оваа намирница, а еден корисник рече дека „ананасот на пица е сè“.

Друг рече дека војната на оваа пицерија против ананасот е „одличен пример за безопасен маркетинг“.

Исто така поделени се и мислењата на клиентите на Лупа.

Градежникот, Сајмон Гривс (40) го опиша ставањето ананас на пица како погрешно, додавајќи дека тоа не треба да се прави.


Меѓутоа клиентот Џони Ворсли (14) рече дека за него, хаваи пицата цврсто го зазема второто место, веднаш по пицата со колбаси.

Но, сепак тој не е лојален обожавател на пицата со ананас. „Не би издвоил 100 фунти за тоа. Мислам дека никој нема да го стори тоа“, изјави Ворсли.