Најдобрата комбинација со јогурт за дигестивното здравје

Точка

23/08/2024

18:39

8.177

Големина на фонт

а а а

Јогуртот како ферментиран млечен производ преполн е со пробиотски култури коишто помагаат во одржувањето на рамнотежата на добрите и лошите бактерии во вашите црева, подобрувајќи ја вашата дигестија и општата благосостојба.

Иако познатите добробитите на јогуртот за цревата се импресивни, новото истражување на универзитетот од Илиноа покажува дека додавањето на медот во јогуртот може уште повеќе да ги подобри ефектите на јогуртот врз човековиот организам.

Студиите коишто ги спроведе универзитетот во Илиноа, откриваат дека медот ги поддржува пробиотските култури во јогуртот, потенцијално зголемувајќи ги неговите здравствени бенефити.


Најголемиот предизвик со пробиотиците од јогуртот е тоа што тие секогаш не го преживуваат патот од нашите уста до нашиот цревен микробиом. Според истражувањата, тоа се случува поради ензимите во нашите уста, желудник и цревата. Овие ензими се неопходни за варење и апсорпција на нутриентите, но исто така можат и да го намалат бројот на пробиотиците коишто стигнуваат до нашите црева во организмот. Меѓутоа по направени три студии, истражувачите открија дека додавањето на мали количества мед можат да помогнат во преживувањето на овие пробиотици од јогуртот.

Во првата студија, спроведена „in vitrо“ со цел да се симулира оралната, желудочната и цревната дигестија, истражувачите ја потврдиле својата хипотеза дека медот од детелина може да ја подобри стапката на преживување на пробиотиците во текот на дигестијата во оганизмот. Оваа студија беше добар прв чекор но не беше спроведена врз луѓе.


Надоврзувајќи се на овие наоди, истражувачите направиле втора, посебна студија, во којашто тестирале 66 здрави возрасни лица, од коишто едни консумирале јогурт со мед а од детелина а други консумирале само јогурт без мед. Резултатите од оваа студија покажале дека комбинацијата на медот и јогуртот навистина ја подобрува стапката на преживување на пробиотиците во споредба со самиот јогурт без никакви додатоци.

Потоа била спроведена уште една мала студија, во којашто испитаниците консумирале јогурт со обичен шеќер, а дури и во оваа студија утврдено е дека медот има најголемо влијание врз преживувањето на пробиотиците во човековиот организам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг