[ВИДЕО/ФОТО] Актерката која ја нарекуваат новата Моника Белучи привлекува внимание со модните изданија каде и да се појави

Точка

12/09/2024

22:00

14.922

Големина на фонт

а а а

Актерката и инфлуенсерка Несрин Санад привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави, а медиумите поради нејзината убавина ја нарекоа новата Моника Белучи.

На неодамна одржаниот фестивал во Венеција, Несрин блесна во црн фустан со потпис на хрватската дизајнерка Александра Дојчиновиќ.


Нејзините фотографии и снимки го обиколија светот и таа заврши во бројни модни списанија како една од најдобро облечените актерки на фестивалот.

Несрин е инаку Египќанка која со години живее во Хрватска. Класичната убавина и долгогодишната кариера во манекенството ја доведоа до нејзините први филмски улоги и статусот на светска инфлуенсерка.


За време на нејзината богата кариера, таа соработуваше со брендови како „Chanel“, „Gucci“ и „Cartier“.

На Инстаграм оваа убавица моментално ја следат речиси половина милион луѓе од целиот свет.