[ВИДЕО] Хорор во БиХ: Вработен во гимназија во Сански Мост ги убил директорот, секретарката и една професорка, а жртвите низ училиштето ги барал плански

Точка

21/08/2024

12:36

4.718

Големина на фонт

а а а

Стравотно злосторство се случи утринава во Сански Мост, во БиХ, кога вработен во Мешовитото средно училиште, вооружен со автоматска пушка влегол во просториите на училиштето каде што почнал со пукање.

При тоа ги одземал животите на директорот на училиштето, Нијаз Халиловиќ, потоа професорката по англиски јазик Гордана Миџан, и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.

Телата на убиените се пренесени во болницата во Сански Мост, а неофицијално убиецот е вработениот во училиштето со иницијали М.В.


„Пукањето се случило во 10.15 часот. Мажот со автоматско оружје убил тројца вработени во училиштето. По тоа, најверојатно, се обидел да си пресуди и добил тешки физички повреди. Тој е префрлен на Ургентниот центар во Бања Лука. Полицијата е на самото место“, изјави портпаролот на босанското МВР на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.

Според зборовите на сведоците, напаѓачот вооружен влегол во зградата на училиштето и почнал плански да ги бара неговите жртви. Како што велат сведоците и локалните медиуми, напаѓачот пукал во директорот на училиштето, потоа во професорката по англиски јазик и на крај во секретарката на училиштето.


Мотивот за убиствата наводно биле претходни несогласувања, бидејќи лицата во коишто пукал биле дел од комисијата којашто напаѓачот го суспендирала од работното место.


Моментално на местото на настанот има силно полициско присуство, а полицијата во присуство на обвинител врши увид во случајот. Исто така на местото на настанот се и преплашените колеги на убиените коишто со неверување и солзи тагуваат по нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг