Телефонски разговор Муцунски – Сибиха: реафирмирана поддршката за Украина

Макфакс

12/09/2024

14:52

479

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со својот украински колега Андриј Сибиха.


„За време на разговорот Муцунски ја реафирмира нашата поддршка за Украина, која ќе продолжи и во иднина. Тој потенцира дека како земја членка на НАТО остануваме посветени на обезбедување силна политичка и практична помош за Украина додека таа ги брани својата независност и територијалниот интегритет.

Теми на телефонскиот разговор беа и актуелни билатерални прашања, при што двете страни изразија уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период“, соопшти МНР.

Во таа насока, договорена е работна средба помеѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг