Малата Нарин (8) убиена поради аферата на нејзината мајка со чичко ѝ? Монструозни детали од злосторството во Турција – ова се 3-те можни теории!

Точка

11/09/2024

20:32

5.719

Големина на фонт

а а а

Продолжува истрагата за убиството на малата Нарин Гуран, 8-годишното девојче кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, а чие безживотно тело беше пронајдено во поток недалеку од селото во кое живееше, по 19 дена потрага.

„За жал, безживотното тело на Нарин, која исчезна во населбата Тавшантепе во областа Баглар во Дијарбакир, го пронајдоа полициските екипи“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.

Се наведува дека телото на малата Нарин е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина.


Како што претходно се пишуваше, девојчето исчезнало кога се враќало кон дома со своите другарки, но се одделило од нив и само се упатило кон својот дом, каде никогаш не стигнало.

Како главен осомничен за убиството на девојчето се води нејзиниот чичко Селим, а очите на јавноста се вперени и кон нејзината мајка и постариот брат.


Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната афера меѓу мајката на Нарин, Јуксел и вујко Селим. Се сомневаат дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и вујко во непријатна ситуација и затоа била убиена.

Меѓутоа, чичкото Селим, кој инаку е во притвор, ја негирал врската со Јуксел.

„Не сме во врска. Нарин е ќерка на мојот брат“, одговорил тој тогаш.

Според медиумите, се верува дека ситуацијата околу љубовната афера ќе се разреши кога вештаците ќе ги вратат избришаните пораки од телефоните на мајката и вујкото.

Злоставување

Кога било пронајдено телото на девојчето, прво бил приведен братот на Нарин, Енес (18).

На неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби, за кои полицијата се сомневала дека можеби ги направила неговата помлада сестра.

Се сомневаат дека Нарин можеби видела дека нејзиниот брат и неговите пријатели го малтретираат кучето и дека ја убиле за да не каже никому што видела.

Одмазда

Иако многумина во селото веруваат дека таткото на Нарин, Ариф и чичкото Селим биле во многу лоши односи.

Наводно, Селим своевремено на социјална мрежа напишал: „Ќе те натерам да доживееш таква болка …“ и дека всушност таа порака била наменета за неговиот брат Ариф.

Иако многумина веруваат дека чичкото можеби ја убил девојката за да му се одмазди на својот брат, тој на сослушувањето во полиција негирал.

Мајката го штити својот син

Според друга верзија, малата Нарин била задушена од нејзиниот брат, бидејќи наводно го видела како консумира недозволени супстанции. Се сомнева дека мајката од почетокот знаела што се случило, но молчела за да го спаси синот.

Откако наводно ја убил својата сестра, Енес го повикал својот чичко, началникот на селото, да им помогне да се ослободат од телото.

Се сомнева дека семејниот совет одлучил да прикрие се за да не изгуби уште еден млад член од семејството. Во моментот на исчезнувањето на девојчето, нејзиниот татко не бил во селото.


Полицијата уште од почетокот добивала погрешни информации од роднините, поради што дел од нив биле уапсени поради попречување на истрагата.

Чичкото го дал телото на мајсторот

Да потсетиме, занаетчија од селото, кој е меѓу 24-те уапсени во случајот со убиството на девојчето, вчера призна дека чичкото на Нарин му го дал телото да се ослободи и дека му нудел пари за таа услуга.

Прелиминарните резултати од обдукцијата покажале дека девојчето има повреди на вратот и скршеница на ногата.


Во рамките на истрагата, чичкото на Нарин бил претходно уапсен и осомничен за убиство со умисла, но семејството не верува дека нивниот роднина е виновен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг