[ВИДЕО] Татко од Охајо до Трамп: Престанете да ја користите смртта на син ми за политички цели

Точка

12/09/2024

15:01

1.424

Големина на фонт

а а а

Татко од Охајо му рекол на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да престане да ја користи смртта на неговиот син за политички цели.

Ејдан Кларк (11) загина минатата година во Спрингфилд во несреќа со училишен автобус за која беше виновен имигрант од Хаити, пишува BBC.

Во вторникот, потпретседателот на Трамп, Џеј Ди Венс, зборуваше за Ејден во објава на „Х“, велејќи дека детето било убиено од мигрант од Хаити.

Таткото на Ејдан, Нејтан, рече дека објавата повторно отвора тешки рани:

„Го изговорија името на син ми, го користеа за политички цели. Тоа треба веднаш да престане“.

„Мојот син не беше убиен. Несреќно го усмрти имигрант од Хаити. Оваа трагедија ја почувствува целата заедница, државата, па дури и нацијата. Но, не ја претворајте во омраза“, рекол таткото на состанок на градската комисија.

Да потсетиме, Трамп и Венс, исто така, ширеa неосновани тврдења дека имигранти од Хаити во Спрингфилд јадат домашни миленици.


Кампањата на Трамп: 11-годишниот Ејдан Кларк беше убиен од мигрант од Хаити на пат кон училиште

„Посакувам за несреќата во која загина Ејдан да беше виновен 60-годишен белец. Искрено, никогаш не помислив дека ќе кажам такво нешто. Но, ако беше одговорен белец, барем групите кои сеат омраза би нè оставиле на раат“, рече Нејтан Кларк.

Ејдан загина кога комбе што го возел Ерманио Жозеф, имигрант од Хаити без возачка дозвола, случајно удри во училишен автобус. Притоа автобусот се превртел и загина 11-годишно момче, а повредени беа уште неколку деца. Во мај, Џозеф беше прогласен за виновен за убиство од небрежност и беше осуден на затвор од 9 до 13 и пол години.


Во понеделникот, кампањата на Трамп објави фотографии од Ејдан и Џозеф на X и ја нападна имиграциската политика на потпретседателката Камала Харис пред претседателската дебата.

„Запомнете: 11-годишниот Ејдан Кларк беше убиен на пат кон училиште од мигрант од Хаити, кого Камала Харис го пушти во земјата во Спрингфилд“, се вели во објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг