Путин: „Би одел во Турција, но со придружба на руските воени авиони“

Точка

12/09/2024

08:06

5.237

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека се во тек подготовките за посета на Турција од страна на рускиот претседател Владимир Путин, каде што е предвидено да разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Песков исто така изрази надеж дека Путин и Ердоган ќе имаат шанса да одржат разговори на маргините на претстојниот самит на „BRICS“, којшто ќе се одржи во рускиот град Казан, пренесува „Ројтерс“.


Ги одложуваше посетите

Уште од минатата година, рускиот претседател Владимир Путин, неколку пати ги одложуваше службените посети на Турција, а функционерите зборуваа за различни причини за одложувањата. Некои тврдеа дека откако започна војната во Украина, Путин одбегнува да ги посетува земјите коишто не биле дел од Советскиот сојуз, додека другите причината ја гледаа во одржувањето на руските избори порано годинава.


Меѓутоа, изворите запознаени со руските ставови изјавија за „Middle East Eye“ дека условите на Путин за посета на Анкара се главната причина за постојаните одложувања на посетите.

Имено, според овие извори, Путин сака да ја посети Турција, но со придружба на руските воени авиони, бидејќи стравува дека Украинците би можеле да го нападнат неговиот авион.

Барањето на Москва, Путин да патува со придружба од руските борбени авиони, со можност тие дури и да слетаат на турска територија, создава дополнителни компликации. Системите за противвоздушна одбрана на НАТО во Турција, би можеле овие руски борбени авиони да ги перципираат како потенцијални непријателски цели.