[ФОТО] Харис и Трамп повторно се сретнаа по дебатата: Бајден застана меѓу нив со кисела насмевка

Точка

11/09/2024

21:16

2.527

Големина на фонт

а а а

Денеска Американците им оддаваат почит на жртвите од терористичките напади од 11 септември 2001 година, во екот на кампањата за американскиот претседател, па на комеморацијата во Њујорк, на местото на уривањето на Светскиот трговски центар, заедно со претседателот Џозеф Бајден застанаа и двајцата кандидати за шеф на државата, потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп

"AP" пренесува дека Бајден и Трамп се ракувале, а имало и ракување меѓу Трамп и Камала Харис, веројатно како резултат на посредување. Бајден застана меѓу нив со кисела насмевка.


На 11. септември 2001 година, киднапирани патнички авиони се урнаа во „кулите близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот авион се урна на поле во Пенсилванија.


Светскиот трговски центар целосно се урна, а Пентагон беше оштетен. Вкупно загинаа речиси 3.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг