Тиктокерката Никол Скиртс (27) доживеала голема непријатност по посетата на фестивал на храна во Питсбург, Америка.
Имено, таа пробала неколку специјалитети, каде главен додаток се краставиците, а најмногу ѝ се допаднала пицата со краставици. Девојката пробала краставици печени во рерна, лимонада од краставици, каноли полнети со краставици… и сето тоа го снимила за своите следбеници на популарната платформа.
Три часа подоцна, започнале нејзините проблеми.
„Почна сè да ме чеша. Мислев дека имам бубачка во окото. Многу брзо ми отече лицето, едвај гледав“, рекла Никол.
Набрзо била пренесена во болница, прегледана и ставена на инфузија. По третманот, таа целосно закрепнала, иако лекарите не можеле да прецизираат што ја предизвикало бурната реакција.
Девојката верува дека организмот реагирал на краставиците, а не конкретно на пицата. Таа тврди дека вакво нешто досега не доживеала.
„За еден ден развив алергија на краставици“, рекла таа.
Корисниците на социјалните мрежи шпекулираат дека нејзиното тело реагирало поради преоптоварување со натриум, пренесува „Нид ту ноу“.
Специјалистот за алергија д-р Хелен Еванс-Халс вели дека сепак има многу состојки во пицата кои можат да предизвикаат алергија.
„Првенствено, најчести алергени се пченицата, кравјото млеко или јајцата. Меѓутоа, луѓето може да бидат алергични на друга храна и додатоци, вклучувајќи риба, печурки или бибер“, објаснила докторката.
Таа додава дека алергиските реакции имаат тенденција да се појават во рок од неколку минути до еден час или два по изложувањето на храната, но најважно е што тие обично се решаваат за неколку часа.