Новак Ѓоковиќ со години ужива светска слава благодарение на врвните резултати на теренот. Српскиот тенисер, кој со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз освои сè што може да се освои во белиот спорт, стана најголемиот играч на сите времиња. Затоа и не е чудно што многу луѓе се импресионирани кога некој ќе им даде комплимент дека личат на овој ас, па почнале јавно да се фалат со тоа.
Една жена по име Луси Финк многу гордо се огласила на својот профил на TikTok профил, покажувајќи колку личат нејзиниот сопруг и Новак Ѓоковиќ. Иако многумина на почетокот би помислиле дека таа само „бара внимание и лајкови“, бидејќи многу корисници на социјалните мрежи ќе ги привлече да го изгледаат нејзиното видео до крај, се покажало дека таа била многу искрена во нејзиното излагање – затоа што нејзиниот емотивен партнер и најдобриот светски тенисер многу се слични кога е во прашање физиономијата на лицето.
„Луѓето постојано го запираат на улица“
„Луѓето го запираат цело време“, навела таа во видеото кое станало вирално, па го пренела дури и популарната тениска страница@tennis.legend.
Колку овој непознат маж физички личи на Новак доказ е реакцијата на нивното бебе кога го здогледало Ѓоковиќ на телевизија.
„Тато, тато“, викало синоокото малечко кон српскиот тенисер гледајќи еден натпревар.
„Како браќа близнаци“
„Неверојатно“, „Маж ти е буквално Новак Ѓоковиќ“, „Човече, тие се близнаци“, „Ова е лудило, нереално е колку личат“, „Исто беше и со татко ми, кој личи на еден познат актер и додека одев на училиште, сите мислеа дека глуми во филмови“, пишувале воодушевените корисници на TikTok, а многумина го означија Новак во коментарите со надеж дека ќе го погледне видеото и ќе ја каже својата импресија.
Ѓоковиќ досега не се изјаснил, а несомнено и самиот би бил воодушевен од сличноста со анонимниот маж, но најмногу од реакцијата на бебето кое го помешало со ’вистинскиот тато‘.