CrowdStrike го објасни оригиналниот проблем што го предизвика неодамнешниот пад на бројни ИТ системи ширум светот.
CrowdStrike првично го обвини софтверот за тестирање за ситуацијата кога минатиот месец беа „срушени“ 8,5 милиони Windows уреди. Меѓутоа, сега е објавена анализа која нуди повеќе детали за првичниот проблем.
Главното прашање беше неусогласеноста помеѓу полињата за внесување што ги очекуваше двигателот на Фалкон на CrowdStrike и оние испорачани во ажурирањето на содржината.
CrowdStrike сега ветува подобро тестирање за ажурирање и користи два независни продавачи на софтвер од „трета страна“ за да го прегледа кодот на сензорот и да го ажурира процесот на објавување.
За потсетување, насекаде низ светот аеродромите, банките, платните системи и многу други институции беа во неволја и не можеа да работат како што треба. Ова се должи на грешка во ажурирањето на софтверот од Crowdstrike, која ги опслужува сите овие клиенти.