Црква во Мексико започнала да продава парцели на небото. Свештеникот ЕнТомс од Црквата на крајот на времето (Иглесија дел финал де лос Тиемпос) тврди дека имал разговор со Господ во 2017 година и дека добил дозвола и упатство за бизнисот што стана хит на Интернет.
Ако отсекогаш сте сонувале за куќа на облак по вашата смрт, сега можете да ја добиете за само 100 долари по квадратен метар.
A Christian Church is trending online after they announced that they're selling plots of land in heaven for $100 per square meter.
— My Mixtapez (@mymixtapez) June 23, 2024
The pastor says he spoke to God and he was granted permission to do this. They have already collected thousands of dollars 👀 pic.twitter.com/jS4rEKSkik
Да, добро прочитавте. На пазарот на недвижности моментално се продаваат парцели на небото. Мексикански свештеник тврдел дека за време на еден од неговите „посебни“ разговори со Бог, добил инструкции да продаде земјиште на небото. И така започнала продажбата на парцели на небесата, кои, според ЕнТомс, се „во непосредна близина на Божјата палата“.
Брошура со детали вирална на интернет
Брошура која кружи на Интернет и сега е вирална покажува раскошна куќа изградена во облак, опкружена со златни зраци на сонцето. До тој небесен замок, гледаме четиричлено семејство кое радосно ги гледа сите тие опции за дигитално плаќање – Visa, MasterCard, Maestro, RuPay, па дури и Google Pay и Apple Pay.
Армандо Пантоја, инфлуенсер за недвижнини, оваа понуда ја нарече „најголемиот договор за недвижнини на сите времиња“ и истакнал дека Католичката црква веќе прикупила милиони долари.
Инфлуенсерите за небеската продажба
„Можете ли да поверувате? Црквата нуди парцел на небото за 100 долари, со достапни планови за рати. Размислете каде ќе ги вложите парите“ напишал инфлуенсерот tHetAllGuItIcOon, кој има речиси 70.000 следбеници на „Инстаграм“.
За оваа контроверзна понуда коментирал и друг влијателен Африканец, Соломон Изанг Ашомс, познат како вујкo Соломон. Иако ја нарече идејата бизарна, тој изјавил: „Можете ли да верувате? Можеш да поседуваш имот на небото … овие момци се сериозни“.
EXPOSING CHURCH BLACKMAILERS (CHAT WITH SOLOMON IZANG ASHOMSEXPOSING CHURCH BLACKMAILERS (CHAT WITH SOLOMON IZANG ASHOMS
Posted by Worship Media on Friday 22 July 2022
„Сè што прават е да продрат во умот на луѓето. Значи, тие го довеле овој бизнис со недвижнини до совршенство“, им се обратил вујко Соломон на своите речиси 100.000 следбеници на YouTube.
Слична понуда
Ова не е првпат една црква да дојде до ваква необична идеја. Пастор од Уганда, Фред Исанга, поглавар на Универзалната апостолска заедница на Давидовата црква на правдата, лоцирана во Јужна Африка, стекнал слава тврдејќи го истото во 2023 година.
Како дел од ветувањет, пасторот Исанга успешно го продал „имотот на рајот“ убедувајќи ги своите следбеници да ја продадат својата земја, животните и другиот имот на Земјата и да му ги дадат парите. Изгледа небесните парцели се хит кај верниците!
Што се крие зад спорната „црква“?
Приказната стана популарна меѓу влијателните на „TikTok“ и „Instagram“, а неколку мејнстрим медиуми ја сфатија како легитимна вест, не сфаќајќи дека е сатира. Извештаите тврдат дека црквата собрала милиони долари од 2017 година преку овие небесни продажби на парцели.
Сепак, Iglesia del Final de los Tiempos всушност бил сатиричен сајт создаден за да ги пародира експлоататорските свештеници. Фејсбук страницата со ова име е категоризирана под „Само за забава“, каде се споделуваат хумористични и бизарни содржини.