Некогашниот германски репрезентативец Месут Озил, на својот Инстаграм профил објави мапа од Блискиот исток со јасно пречкртан Израел.
Притоа Озил ништо не напишал ништо во својата објава но со бришењето на израелската држава од мапата покажува дека очигледно го негира постоењето на Израел.
Веднаш се појавија реакции и остри критики од страна на еврејската заедница и германските политичари, па така германската политичарка Јулиа Клокнер побара Озил да го врати „Сребрениот лист од ловор“ кој го добил како награда за успесите во рамки на германската репрезентација.
Еврејското спортско здружение Макаби побара реакција од Германскиот фудбалски сојуз како и Сојузот јавно да се дистанцира од Озил. Набрзо потоа се изјасни и Сојузот меѓутоа во својата реакција не го спомнаа некогашниот играч на Реал Мадрид и Арсенал.
„Правото на постоење на Израел не смее да се става под знак прашалник. Според тоа Сојузот јасно се дистанцира од какви било изјави во оваа насока“, му одговори Германскиот фудбалски сојузот на еврејското спортско друштво Макаби.
Исто така и генералниот секретар на партијата (Христијанско – социјална унија на Баварија) Мартин Хубер го критикуваше однесувањето на Озил. „Добро е што Озил повеќе не е дел од германската репрезентација бидејќи ова што го направи е неверојатно“ кажа Хубер.
Инаку Озил во својата кариера играше во редовите на Шалке, Есен, Вердер Бремен, Реал Мадрид, Арсенал и турските клубови Фенербахче и Башакшехир.
Со репрезентацијата на Германија го освои светското првенство во Бразил во 2014 година, а во дресот на Елф има одиграно 92 натпревари со постигнати 23 голови.