На повеќето натпревари, како и свечени настани ширум светот, правило е гостите да добиваат таканаречени торби-подароци, односно пакети за изненадување со низа подароци, кои обично ги обезбедуваат спонзорите.
На повеќето натпревари, како и свечени настани ширум светот, правило е гостите да добиваат таканаречени торби-подароци, односно пакети за изненадување со низа подароци, кои обично ги обезбедуваат спонзорите.
Олимписките игри не се исклучок, а данската ракометарка Елтија Рајнхарт објавила видео на „ТикТок“ во кое ја открила содржината на овој пакет.
Оваа девојка од Данска покажала дел од интересните подароци кои ги добила по пристигнувањето на Олимписките игри.
На самиот почеток, Елтија покажува црна платнена торба со логото на Олимпијадата, а од неа ја вади Samsung подарок картичката, а потоа патниот несесер со колоритен принт инспириран од олимписките мотиви со низа козметички производи за кожа, коса и заби.
Во торбичката за подарок имало и пластично шише за вода во сино-црна боја, како и светло црвен термос. Сепак, последниот подарок кој го покажала е вистинско изненадување и прилично неочекувано.
Ракометарката, имено, извадила црна кутија од Samsung, а внатре ја чекал сосема нов телефон Samsung Z Flip6, чија цена на слободниот пазар е околу 1.200 евра.
Организаторите истакнале дека кесите со подароци се поделени само на оние кои престојуваат во Олимпиското село и додале дека телефонот припаѓа на ограничена серија, односно е украсен со олимпиското лого и доаѓа со E-SIM со 100 GB интернет, како и неограничени повици и пораки.
„Ова ќе им овозможи на спортистите да останат поврзани со пријателите и семејството за време на игрите“, било наведено на веб-страницата на организацијата.