Опасен вирус се шири низ континентот! За него нема лек, однел неколку животи: Симптомите вклучуваат главоболка, а вака се пренесува

Точка

26/07/2024

19:39

17.438

Големина на фонт

а а а

Во САД починаа неколку луѓе, откако се заразиле со хантавирус, попознат како болест на глодарите, а бидејќи не постои лек за овој воспалителен процес, здравствените експерти издале предупредување.

Во САД починаа неколку луѓе, откако се заразиле со хантавирус, попознат како болест на глодарите, а бидејќи не постои лек за овој воспалителен процес, здравствените експерти издале предупредување.

Вирусот се пренесува од глодари на луѓе преку капки кои се излачуваат доколку некој дојде во контакт со урина, плунка или фецес на животни и поради несоодветни хигиенски услови, соопштил Одделот за здравствени услуги во Аризона.


Од почетокот на јануари до јули годинава, се потврдени седум случаи на хантавирусен пулмонален синдром. За жал. Три лица ја загубиле битката со овој опак вирус.

Болните најчесто развиваат „тешка, а понекогаш и фатална респираторна болест предизвикана од хантавирусот“, навела агенцијата.

Симптомите на вирусот вклучуваат треска, главоболка и болки во мускулите, а наскоро пациентот се соочува со проблеми со отежнато дишење.


„Вирусот може да биде присутен во многу области во југозападниот регион на САД каде што постојат глодари, иако тие речиси никогаш не се гледаат со голо око“, било наведено.

Последниот вирус бил пријавен во 2016 година

Инаку, хантавирусот е откриен во 1993 година откако целото племе Навахо се заразило и во таа прилика починале дури 80% од жителите. Се работи за племе кое се наоѓало на границата на Аризона и Ново Мексико.

Надлежните од јавното здравство апелирале до населението да внимава при чистење на становите, но и целокупната зграда.

Ова вклучува соодветно прскање и дезинфекција против глодари со средства наменети токму за тие цели.


На жителите им се советува и да ги спречат глодарите да влегуваат во домовите со запечатување дупки со поголем дијаметар со жица или цемент и користење стапици за глувци.

„Најдобар начин да се спречи инфекцијата од оваа болест е внимателна дезинфекција и чистење на сите отпадни производи од глодари и да не доаѓаат во контакт со нив“, изјавил за „NBC News“ д-р Арон Глат, шеф на одделот за заразни болести во болницата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг