[ФОТО] Се омажи во проѕирен фустан, па сите ја нападнаа: „Дали мислите дека оваа венчаница е соодветна?“

Точка

25/07/2024

17:17

17.932

Големина на фонт

а а а

Пернил Розенкилд од Копенхаген се омажи за својата долгогодишна љубов и ја избра нејзината венчаница од соништата, но многу луѓе со своите коментари се обидоа да и ја уништат радоста.

Таа се омажи за долгогодишната љубов Џепе Аугуст Соренсен Розенкилд пред 88 пријатели и членови на семејството - вклучувајќи ја и нивната мала ќерка - во црквата Грундвиг во Копенхаген.

Пернил Розенкилде е данска дизајнерка и инфлуенсерка за „Vogue Scandinavia“

„Сакав фустанот да биде главен фокус, па затоа одбрав суптилни додатоци“ - изјави таа за „Vogue“.

Нејзиното проѕирно здолниште било изработено од свилена органза добиена од избрани добавувачи на ткаенини во Франција и Велика Британија, обезбедувајќи целосната креација да не изгледа „евтино“.

Својот гламурозен стил го комплетирала со високи потпетици од сребрена мрежа „Bottega Veneta“ и префинет накит.

Иако Розенкилд беше воодушевена од својата венчаница, многумина на социјалните мрежи ја нарекоа „најлошата венчаница досега“.

„Ова изгледа како кога натпреварувачите во дизајнерско шоу треба да набават материјали кои ќе ги најдат во ѓубре, па од тоа треба да направат нешто“, „Полош е попот кој дозволи вакво нешто да влезе во црква. Дали мислите дека оваа венчаница е соодветна?“, се само дел од коментарите на некои нејзини следбеници.

Сепак, има и многумина кои ја поддржа Пернил во својот избор и ѝ кажаа дека изгледа прекрасно и дека не треба да ја допира што коментираат негативците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг