Ова е автомобилот со кој "Xiaomi" сака да го победи "Porsche"

Точка

25/07/2024

07:59

11.506

Големина на фонт

а а а

Со над 1500 коњски сили и неверојатна аеродинамика, автомобилот на "Xiaomi" се стреми кон нов рекорд во Нирбургринг.

Само неколку дена откако "Porsche" објави дека ја вратил титулата најбрз надвор од патеката на Нирбургринг, одговор доаѓа од "Xiaomi". Но, не на "Panamera", туку на уште побрзиот "Taycan". Неговото име е "Xiaomi SU7 Ultra", а моментално станува збор за прототип.

Прелиминарните податоци се навистина импресивни. Опремен со три мотори, овој "Xiaomi" има максимална моќност од неверојатни 1.548 КС, распоредени на повеќе од солидна маса од 1.900 кг.

Сепак, она што е навистина неверојатно се податоците за потисната сила. Благодарение на рационалната карбонска каросерија со бројни додатоци, вклучително и огромното задно крило, автомобилот на "Xiaomi" нуди до 2.145 кг потисна сила.


Со 440 коњски сили повеќе од "Taycan", кинескиот адут до 100 km/h забрзува за 1,97 секунди, 200 km/h достигнува за 5,97 секунди, а до 300 km/h ќе достигне за само 15 секунди. Максималната брзина е 350 km/h. Сепак, откако сериската верзија ќе добие „стандардни“ (поевтини) делови, реално е да се очекуваат малку полоши перформанси.

Да кажеме и дека движечката енергијата ја обезбедува комплетот батерии "CATL Qilin 2.0", кој може да ослободи максимални 1330 kW. "AP Racing" сопирачките се грижат за кочењето, а во комбинација со регенеративно сопирање се постигнува сила на забавување од 2,36 G. Со други зборови, запира од 300 km/h по само 15 секунди.


"Xiaomi" ќе го испрати "SU7" на патеката во октомври, а времето кога сака да победи е 7:07.55 на "Porsche Taycan Turbo GT". Доколку сака да победи во конкуренција на тркачки возила, задачата ќе биде многу потешка. "Volkswagen ID. R" кругот го извозе со време од 6:05.336.




Спонзорирани линкови

Маркетинг