Мала километража, големи проблеми: Механичар предупредува што е смрт за вашиот автомобил

Точка

03/09/2024

07:06

12.517

Големина на фонт

а а а

Ако возите многу малку километри годишно, можеби ќе сакате да размислите за начинот на кој го користите вашиот автомобил.

Механичарот Крег од „Walsall Wood Tires“ објави видео на „TikTok“ предупредувајќи за ризиците од автомобилите што ретко се возат, пренесува „LADBible“. Крег им препорачува на возачите со мала годишна километража да посветат посебно внимание на одржувањето на своите возила, пренесува „net.hr“.

Возилата се расипуваат ако се возат малку

„Автомобилите кои најчесто ги гледаме во лоша состојба, или поради корозија или оштетени делови, се оние кои се возат минимално, да речеме само 30 километри. Таквите возила често се во полоша состојба од оние кои надминуваат 100.000 километри годишно, бидејќи деловите остануваат неподвижни и неподмачкани“, посочува Крег.


Тој потоа додава: „Исто така, нечистотијата и солта на патиштата остануваат на компонентите бидејќи дождот не ги мие, што доведува до сериозна корозија и расипување на возилото. Исто така, проверка на автомобилот треба да се прави на секои 12 месеци без разлика на староста на автомобилот или километражата, исто како и редовното сервисирање“.

Еден поранешен механичар го потврди ова тврдење, нагласувајќи дека автомобилите кои ретко се користат се влошуваат со текот на времето.


Техничкиот преглед е законски потребен за да се осигури дека возилата ги исполнуваат безбедносните стандарди, исправноста и еколошките норми, со што ќе се заштитат возачите и другите учесници во сообраќајот. Без важечки технички преглед, возачите се изложени на ризик од казни, забрана за возење, неважечко осигурување и можност нивното возило да биде прогласено за небезбедно за сообраќај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг