Личи на „Cybertuck“, но не е: Со овој кинески автомобил добивате и хеликоптер

Точка

05/09/2024

13:45

6.550

Големина на фонт

а а а

Се навикнавме кинеските марки да не изненадуваат со своите најави, но ова баш и не можевме да го очекуваме.

„Xpeng“ најави многу интересен концепт: камионет како „Cybertruck“ со кој доаѓа и хеликоптер. Добро прочитавте, „Xpeng AeroHT“ е реален, но испораките се закажани за 2026-та година.

Ова возило е претставено во октомври минатата година, има шест тркала со пространа кабина и голем заден дел во кој е сместено двосед-летало.


„Xpeng“, изгледа, се откажа од правење на летечки автомобили кои и биле легални и за возење по пат, и верува дека ова е подобро решение.

Како што можете да претпоставите, оваа комбинација е прилично скапа – чини 280.000 долари, но и натаму би рекле дека е помалку отколку што би очекувале кога ќе слушнеме за што станува збор.


Самото возило е базирано на 800 V платформа, и иако не се знаат многу детали, локалните медиуми наведуваат дека ќе има досег од околу 1.000 километри.

Добиени се сите потребни дозволи од кинеските регулатори и прототипите би требало „да се симнат“ од производната лента во јули 2025-та, а планирани се повеќе од 10.000 примероци годишно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг