Најпознатото трио на светот прекинува со снимање после 22 години дружење.
Како што е познато, Џереми Кларксон, Ричард Хемонд и Џејмс Меј го снимиле последното продолжение од својата авантура која трае повеќе од две децении.
Триото кое ги популаризираше автомобилите и автомобилската индустрија и веројатно повеќе сите други автори заедно, го најави својот крај.
Последната епизода од серијалот „The Grand Tour“ ќе биде премиерно прикажана на 13-ти септември на сервисот „Prime Video“, а сега можеме да видиме и друга официјална најава која низ гласот на Бони Тајлер прикажува моменти од нивните авантура во Зимбабве.
Во видеото меѓу другото се гледа како домаќините ги пренесуваат своите возила со брод и наизглед ги претвораат да можат да возат по шини. Исто така можеме да видиме како се уништува „Volkswagen New Beetle“, иако не го знаеме точниот контекст.
Не е ни важно, бидејќи оваа епизода повеќе се занимава со односот меѓу тројцата домаќини, секако, со изобилство на забава.